Компанијата Honor претстави уште еден паметен телефон во својата понуда, а се работи за Magic 4 Ultimate Edition.

Познато е дека Honor ја најави Magic 4 серијата за светскиот пазар уште во февруари, а сега има уште еден член од семејството. Ова е моделот Magic 4 Ultimate, кој е уште понапреден од моделот Magic 4 Pro. Доби поголем сензор за главната камера (1/1,12 “наместо 1/1,56”), но задржана е резолуцијата од 50 MP. Оваа камера е толку добра што може да се натпреварува со камерите со сензори од 1 инч. Доби 146 поени на DXOMark тестот, два повеќе од претходниот лидер Huawei P50 Pro.

Ултрашироката камера исто така добива нов поголем и поостар 1/2″ сензор од 64 MP (наместо сензорот од 50 MP) широк 126 степени во споредба со претходните 122 степени. Уредот има и нова камера од 50 MP со подобрен спектар, кој дебитираше на Honor Magic V моделот. Тие имаат и телефото и ултраширока камера од 64 MP и ToF сензор, додека однапред е камерата од 12 MP, како и секундарна камера која овозможува 3D препознавање на лицето.

Уредот го покренува Snapdragon 8 Gen 1 процесор поврзан со 12 GB RAM и 512 GB внатрешна меморија.

Кога станува збор за екранот, Magic 4 Ultimate доби 6,81-инчен LTPO AMOLED екран со резолуција од 2.848 x 1.313 пиксели и брзина на освежување од 120 Hz. Смартфонот се напојува со батерија од 4.600 mAh која поддржува жично полнење од 100 W и безжично полнење од 50 W.

Honor Magic 4 Ultimate ќе се продава во Кина по цена од околу 1.140 евра, а ќе биде достапен во црно-бела боја.