Apple индиректно потврди три нови iPhone модели

25.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Apple индиректно потврди три нови iPhone модели

Apple официјално ги објави броевите на моделите за iPhone 11, iPhone 11 Max и iPhone XR2, кои ги носат ознаките A2111, A2160, A2161, A2215, A2216, A2217, A2218, A2219, A2220, A2221 i A2223, а регистрирани се во Евроазиската база (официјалното регулаторно тело). Тоа јасно укажува на две производи линии: А21 и А22.

Варијантата A21 доаѓа во три варијанти во која ќе се најде новиот iPhone XR (со три различни големини на простор за складирање), додека варијантата А22 ќе ја сочинуваат iPhone 11 и iPhone 11 Max (секој во три различни варијанти на интерна меморија). Дополнителните две ознаки на модели најверојатно се однесуваат на тоа да ги идентификуваат различните снабдувачи на компоненти, бидејќи оваа номенклатура Apple веќе ја користеше при претставувањето на претходната серија на телефонот.

Се поставува прашањето, како можеме да знаеме дека не се во прашање ознали за новите iPad Air и iPad Mini таблети? Одговорот е едноставен. Apple овие уреди веќе ги регистрираше во Евроазиската база во јануари оваа година, два месеца пред да ги лансира. Исто така, споменатите броеви го следат форматот кој Apple претјодно го користеше во Евроазиската база за iPhone XS и XR.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата