Ќерката на Берчек била мажена за кралот на скандали: Таткои не и дошол на свадба, еве што е со неа денес

25.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ќерката на Берчек била мажена за кралот на скандали: Таткои не и дошол на свадба, еве што е со неа денес

Ќерката на глумецот Александар Берчек, Мина се нашла во центар на скандали кога се омажила за реперот Скај Виклер.

Кога во 2009 година се омажила за Ѓорѓе Миљеновиќ, познат како Скај Виклер, Мина Берчек била во центар на внимание, а се зборувале дека поради тоа се скарала со својот татко кој овој брак не го одобрувал.

Нивната венчавка тогаш кренала голема врева. Родителите на Мина не присуствувале на венчањето, а глумецот Берчек никогаш не сакал да дава коментари на таа тема.

Парот набрзо се развел, а Мина продолжила со својот живот далеку од очите на јавноста.  Убавата Мина е активна на социјалните мрежи, и она што прво се забележува на нејзините фотографии е невероватната сличност со таткои Александар.

Познатиот глумец од првиот брак со Светлана има син Никола (35) и ќерка Милица (29), а од вториот брак со Ана, има ќерка Мина и син Милош. Освен за венчавката на Мина која била ударна тема на таблоидите, за приватниот живот на глумецот многу малку се знае.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата