ЈК сега е минато: Поповиќ ја носи снаата на Кеба во жири на ЅГ: Кога ќе чуете колку пари и се понудени ќе ви се слоши

25.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЈК сега е минато: Поповиќ ја носи снаата на Кеба во жири на ЅГ: Кога ќе чуете колку пари и се понудени ќе ви се слоши

- Поповиќ решил од септември да направи бум во “Ѕвездите на Гранд“. Ја повикал снаата на Кеба и ѝ понудил 100.000 евра за да дојде во жири- открива извор за медиум

Саша го одврзал кесето бидејќи верува дека Севе е џек-пот за гледаност. Таа рекла дека понудата е примамлива и дека наскоро ќе се јави за конечна одлука.

Поповиќ кој и самиот потврдил дека ќе дојде до големи промени во Ѕвездите на Гранд, сака да направи натреварување меѓу постоечкото жири во кој се Ана Бекута, Драган Стојковиќ Босанац, Ѓорѓе Давид, Марија ШерифовиќВики Миљковиќ... и ново кои би го сочинувале пеачи од просторот на бивша Југославија, но не сакал да открива кои ќе бидат засилување во новата сезона.

- Естрада од просторот на екс Југославија ќе биде против нашето жири. Секако, главни актери ќе бидат кандидатите, а што се ова ќе значи ќе гледате од септември – порачал Саша Поповиќ.

Директорот на “Гранд“ исто така очекува жестока расправа на две диви пред камерите.

“Ќе биде интересно да се гледат две диви како се колат во емисија. Тие со години не се поднесуваат, а отворена војна започнале кога Северина објавила дует со МЦ Сајс, кој Јелена пред неа го најавувала – раскажува извор. Крлеуша тогаш жестоко ја нападнала Северина на Твитер: Дама неможе да биде женско која снимила хард-кор по*ниќ“, а потоа додала: “И понатаму не верувам колку Северина е јадна. Мене би ми било срам нешто што други најавуваат со месеци а тоа да го претставам како своја идеа. Секако, што да се очекува од жена која и онака лошо пуши“.

“Во “Гранд“ се очекува дека Севе конечно жестоко ќе и возврати, и тоа со споменување на нејзината афера со Огњен Враљеш“, истакнува изворот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата