Посетата на Папата Франциск која се случи на 7 месецов го привлече светското медиумско внимание, но за жал, ниту туристите кои дојдоа во Скопје ниту светот преку медиумите кои известуваа за настанот не можеа да ги видат сите убавини на градот. Иронично, но вистинито фонтаните не работеа, па посетителите останаа скусени за величествената глетка во центарот на градот.

Како што пишува “Економски Лидер” од извори во Град Скопје, на 5 дена пред посетата на Папата, организаторите сакале да ги вклучат фонтаните, но, на нивно изненадување кога отишле на лице место, вработените во Водовод констатирале дека поголем дел од пумпите, светилките и механизацијата под фонтаната на “Александар Велики” се украдени.

- Ова не може да биде украдено од  кој било. Местото беше покриено со церада, а за пристап во делот на механизацијата на фонтаната треба некој да биде навистина стручен. Не се работи за обични крадци, туку некој кој ја познава техниката, - открил изворот.

Освен тоа што крадците треба да бидат стручни, симптоматично е и тоа што се работи за буквално најфрекфентната локација во градот, која е под 24-часовен видео надзор. Истото се случило и со голем дел од околните фонтани, како онаа на другата страна на реката Вардар.

Откако го увиделе срамот кој им се случил, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и директорот на ЈП Водовод (претпријатие надлежно за фонтаните) Душко Весовски, одлучиле фонтаните да не се вклучуваат за време на посетата на Папата, случајот да се крие од јавноста, а да се рапише тендер за одржување на фонтаните со кој практично ќе се плати за нова механизација за истите.

Како што дознава “Лидер” од извори во Ј.П. Водовод, кој во изминатите години без тендер ги одржуваа фонтаните, сега ќе се распишува тендер за одржување кој ќе има огромна вредност од околу 200.000 евра.

- Знаејќи како функционираат, нема да ме изненади да го вратат украдениот механизам и за него да наплатат пари, – вели изворот на Лидер.

Официјалното тврдење на директорот на водовод, Душко Вестовски, кое минатата недела го соопшти Телевизија Сител е дека фонтаните не се пуштиле затоа што се најавувало невреме. Но, и тој најавува дека приватна компанија ќе ги одржува истите, иако, потсетуваме, одржувањето на фонтани веќе подолго време е надлежност на Ј.П. Водовод.

И на бројните туристи, се уште не им е јасно зошто не се вклучени фонтаните.

12

Најчитани вести