Вработени во штипска конфекција заразени со морбили

25.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вработени во штипска конфекција заразени со морбили
На Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип засега нема зголемување на бројот на заболени од морбили. Началникот на Инфективното одделение во штипската Клиничка болница, Дијана Шишкова вели дека на одделението се хоспитализирани десет пациенти, кои се со потешка клиничка слика.

Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова потврдува дека заболените се од една штипска конфекција. Таа посочи дека веднаш по откривањето на заразата на лице место се вакцинирани 37 работници, кои работат во конфекцијата.

Според здравствените работници, постои ризик за ширење на заразата со морбили во Штип, бидејќи заболените текстилните работнички на работа пристигнуваат со автобуси, но имале и контакт со семејствата.

На Инфективното одделение во штипската Клиничка болница од февруари до пред два дена од морбили болнички се лекуваа  21 пациент од Кочани, Свети Николе, Карбинци, а последните случаи се од Штип.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата