(ФОТО) Гази Баба на протест против центарот за наркомани во МЗТ

25.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(ФОТО) Гази Баба на протест против центарот за наркомани во МЗТ

Поголема група граѓани денеска на пладне со собра на протест пред фабриката „Металски завод – Тито“ каде што се планира да се префрли Центарот за зависници од Кисела Вода во Гази Баба.

Тие не се согласуваат Центарот да биде префрлен во мензата на фабриката МЗТ како што одлучија здравствените власти. Префрлувањето треба да се случи до крајот на годината.

Иако објектот е во состав на поранешната фабрика каде сега има неколку фирми до бараките има и посебен влез. Министерството за здравство веќе добило решение од општината Гази Баба на чија територија се наоѓа земјиштето. Венко Филипче се надева дека нема да има проблеми со имотно правни односи.

Инаку Центарот во кој метадонска терапија добиваат околу 500 лица само времено требаше да остане во Кисела Вода, но повеќе од 20 години е вистински хорор за жителите од овој дел на Скопје. Употребени игли, шприцеви, шишенца со метадон и зависници кои ги користат им се секојдневна глетка. Револтот кулминираше зимава кога граѓаните кои живеат во населбата излегоа на протести и со блокирање на улици бараа итно решение за нивниот проблем. Градоначалникот на Кисела Вода и министерот за здравство им ветија дека за 6 месеци ќе најдат нова локација, но ќе треба уште толку време бараките да ги приспособат за третман на наркозависници.


© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата