Спонзорушите прво ја гледаат колата, па фраерот!

25.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Спонзорушите прво ја гледаат колата, па фраерот!

Луѓето, кои ги објавуваат своите фотографии со автомобили на страниците за запознавање добиваат 165% повеќе пораки од потенцијалните партнери отколку другите кои се без автомобил. Ова го тврдат порталите Askmen и Zoosk врз основа на направено истражување. Притоа правилото важи како за мажите така и за жените.

Според истражувањето најпосакувани се профилите, чии соопственици се фотографирале со својот Jeep. Тие добивале во просек 243% повеќе пораки. На второ место е BMW со 149%, а на третата позиција е Toyota (73%).

Nissan, Land Rover, Subaru, Ford и Mercedes-Benz, исто така, се меѓу брендовите, кои привлекуваат повеќе кандидати за партнери. Целосно спротивни реакции, пак, предизвикуваат Honda, Chevrolet, Ferrari, Tesla, Lexus, Dodge и Mazda.

Значење има и типот на каросеријата. Камп возилата го зголемуваат интересот кон соопствениците за 61%, седаните за 42%, а пикап возилата со 41%. Фотографија со хечбек има спротивен ефект и ги намалува шансите за запознавање за 15%.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата