СКАНДАЛОЗНО: Вардар беше нападнат во Сегед, а ЕХФ, сепак, го казни

24.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СКАНДАЛОЗНО: Вардар беше нападнат во Сегед, а ЕХФ, сепак, го казни

Екипата на Вардар ќе мора да плати казна од 8.000 евра поради тоа што играчите учествуваа во мешаницата на гостувањето кај Пик Сегед на реваншот од четврт-финалето од Лигата на шампионите. Ова беше втор меч сезонава на кој Вардар учествува во ваква мешаница после оној со Келце и затоа оваа казна е така голема, пишува 24ракомет.мк

Тимот на Пик Сегед, пак, има двојно поголема казна со оглед на тоа што иницијаторите на инцидентот дојдоа од играчите на оваа екипа, а имаше и официјални лица кои учествуваа во мешаницата. Покрај тоа и Македа кој беше исклучен бидејќи доби црвен картон се најде на терен без да смее да го направи тоа и не беше спречен од никого.

За Пик Сегед има неколку различни казни, а кога ќе се соберат сите се доаѓа до сума од 16.000 евра што е двојно повеќе од онаа за Вардар кој „ни крив ни должен“ пак ќе мора да плати казна.

Сите казни кои беа доделени од Дисциплинската комисија на ЕХФ можете да ги прочитате на следниов ЛИНК на 24ракомет.мк.

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата