102-годишна жена осомничена за убиство на 92-годишната сосетка во дом за старци

24.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
102-годишна жена осомничена за убиство на 92-годишната сосетка во дом за старци

102-годишна жена е осомничена за убиството на нејзината 92-годишната сосетка во дом за старци во северниот дел на Франција.

Негувателка го пронашла безживотното тело на 92-годишната жена во нејзината соба околу полноќ и ги известила службите за итна помош, изјави портпаролката на судот.

Лицето на жената било видливо отечено, се вели во соопштението на судот. Аутопсијата открила дека таа починала од задушување, откако била задушена и удирана по главата.

Жената која живее во соседната соба и кажала на негувателката дека ,,убила некого”. Во ,,состојба на конфузија”, 102-годишната жена која го признала убиството била однесена во психијатриска болница.

Полицијата отвори истрага за ,,доброволно убиство против лице ранливо поради неговата физичка состојба”, објави новинската агенција АФП. Обвинителот Фредерик Трин изјави за новинската агенција АФП дека осомничената ќе биде подложена на психолошки преглед за да се утврди дали може да биде кривично гонета за смртта на нејзината сосетка.

Полицијата сé уште не можела да ја испраша осомничената жена.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата