(Вознемирувачко видео) Дваесет ученици загинаа скокајќи од запалена зграда во Индија

24.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Вознемирувачко видео) Дваесет ученици загинаа скокајќи од запалена зграда во Индија

Најмалку дваесет ученици загинаа, а дваесетина  се повредени скокајќи од запалена зграда во Индија, каде што посетувале настава.

Како што јавуваат медиумите, станува збор за ученици на возраст од 14 до 17 години кои загинале при обид да се спасат од големиот пожар која ја зафатил четирикатницата, во која има и шопинг центар во индискиот град Сурат, во државата Гуџарат.

Од владата на Индија најавија финансиска помош за семејствата на настраданите момчиња.

Премиерот Нарендра Моди нареди итна истрага за страшната несреќа и вети помош од владата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата