СОСТОЈБАТА НА ПРЕТЕПАНИОТ ПЕТРОВСКИ Е ЛОША - го претепа познат скопски бизнисмен (ФОТО)

24.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СОСТОЈБАТА НА ПРЕТЕПАНИОТ ПЕТРОВСКИ Е ЛОША - го претепа познат скопски бизнисмен (ФОТО)

Не знам дали знаете какво е чувството да го гледате вашиот родител претепан. Јас знам. Гадно е. Уште погадно е да бидеш беспомошен. Татко ми е во болница а состојбата е иста, лоша! Ова е фотографија на напаѓачот. Спиро Чорогунов. До неа е крвавата менувачница на татко ми. Денес добив и снимки од настанот. Околните дуќани ми дадоа материјали што фатиле нивните безбедносни камери. Ако не ги прифатат како доказ ќе ги објавам тука. До тогаш ова е тој гнасен сурат! - напиша Стефан Петровски, чиј татко, сопственик на мала менувачница во центарот на Скопје, беше брутално претепан од познат бизнисмен и сопственик на два хотела.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата