Се омажи Зои Кравиц, ќерката на славниот музичар Лени Кравиц, кој неодамна одржа концерт во Скопје. Иако свадбата беше најавена за следниот месец, двојката решила да побрза и се венчале на интимна церемонија. Во следниот период Зои и нејзиниот избрник откриле дека ќе направат голема забава на која ќе бидат поканети сите пријатели и семејствата.

Зои и нејзиниот сега веќе сопруг заедно се од 2016 година, а дека планираат брак открија во октомври минатата година кога и официјално беше потврдена веридбата. 

– Со него сум целосно опуштена, можам да бидам она што сум. Многу е релаксирачки кога со некого можете да бидете толку слободни и свои “, рекла Зои во една прилика.

14

Најчитани вести