Како да препознаете жена на која и недостастува секс?!

24.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Како да препознаете жена на која и недостастува секс?!

Шегата настрана, но постојат неколку ситуации со чија помош може да дознаете дека, на пример, вашата пријателка одамна немала секс. Се прашувате како е тоа можно?! Можно е! Има многу знаци кои ја издаваат жената, а тоа се:

Поспаност 

Заради недостаток на природен седатив – хормонот окситоцин, кој се лачи за време на оргазмот, жената може да помине бессони ноќи, превртувајќи се во креветот.

Постар изглед

Колагенот, кој се произведува за време на редовните полови односи, ја прави кожата мазна и свиленкаста. Поради недостаток на колаген жената може да изгледа постара од што е.

Воспаление на кожата

Прогестеронот, кој телото го произведува за време на сексот, го спречува појавувањето на акни на лицето.

Жената на која и треба секс ја открива и однесувањето:

Ги малтретира другите

Недостатокот на ендорфин влијае на перцепцијата на светот околу неа.

Често зема лекови против болка

Жените кои почесто се сексаат немаат проблем со недостаток на окситоцин. За време на сексот се излачува овој хормон, кој делува како морфиум, па ги ублажува болките и грчевите.

Постојано е болежлива

Интимните односи го зголемуваат нивото на антивирусни антитела за 30 проценти.

Редовно заборава се и сешто

Сексот влијае на подобрување на циркулацијата, а подобрата циркулација значи и подобра работа на мозокот, го подобрува памтењето и учењето на нови работи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата