Петрунија го виде Делчево, ама делчевчани наместо Петрунија гледаа турски серии

24.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Петрунија го виде Делчево, ама делчевчани наместо Петрунија гледаа турски серии

Македонскиот филм „Господ постои, името и е Петрунија“ на режисерката теона Митевска по успехот на повеќе фестивали во Европа се прикажува и нив градовите во Македонија. Но, којзнае по кој пат ние дома придаваме помало значење на нашите уметници отколку во странство.

Деновиве на социјалните мрежи се појави информација дека мкошне слаба била посетеноста на проекцијата на филмот во Делчево. Миле Ѓоргиоски на својот фејсбук профил напиша:

Конечно Петрунија пристигна во родниот град на главната протагонистка на филмот Зорица Нушева. Тивко и без никаква помпа. Зорица Нушева ги испочитува својот град, своите сограѓани, но колку тие ја испочитуваат неа, е друга приказна.
Јас како непоправлив сонувач, очекував Зорица да биде поканета барем на едно кафе од првиот човек на градот, од директорите на училиштата во кои учела, од нејзините учители, наставници, професори…
Но не само што не се случи тоа, скоро никој од нив не дојде ни на промоцијата на филмот.
А по редот на нештата денес , ден после промоцијата Зорица требаше да биде поканета во училиштата каде што учела, да одржи по еден час, на кој на учениците би им зборувала за Петрунија, за театарот, за глумата, а Зорица има што да им каже на нејзините млади сограѓани, па и некого да потикне да тргне по нејзините стапки.
Петрунија и Зорица го видоа Делчево, ама делчевчани немаа време за нив, бидејќи беа зафатени со гледање турски серии, матурски, седенки по кафеани и пицерии…
Господ постои, ама ни тој не може да им помогне на тие што не знаат или не сакаат да ги ценат успесите на нивните сограѓани.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата