Дарко и Ана се разведоа, сега фолкерот може да се ожени со трудната вереница!

24.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дарко и Ана се разведоа, сега фолкерот може да се ожени со трудната вереница!

Фолкерот Дарко Лазиќ и неговата сега веќе и официјално бивша сопруга по потпишувањето на документите за развод, заминале во ресторан да прослават за цивилизираната бракоразводна парница. Дарко и Ана ја имаат ќерката Лорена и заради неа остануваат во пријателски односи.

- Ана и јас сме цивилизирани луѓе и понатаму сме во одлични односи, бидејќи првенствено од секогаш сме биле пријатели, а потоа ја имаме и ќерката која ја сакаме најмногу на целиот свет, рекол Дарко за медиумите во соседството и додал дека девојчето ќе остане да живее со Ана, но секој прв и трет викенд во месецот ќе ги поминува со него.

Што се однесува до поделбата на имотот, дуплексот со вредност од околу 300 000 евра останува во сопственост на Ана и Лорена, бидејќи како што рекол Дарко логично е неговото дете да расте во средината на која е навиканто. Дарко периодов треба да стане татко по втор пат, неговата вереница Марина е во деветиот месец од бременоста и тие ќе добијат син. 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата