(ВИДЕО) ДОБРА ВЕСТ: Извлечен сопственикот на опожарениот стан во Карпош 4

24.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(ВИДЕО) ДОБРА ВЕСТ: Извлечен сопственикот на опожарениот стан во Карпош 4

Пожарникарите го извлекоа сопственикот на опожарениот стан во една од кулата близначки, информира екипата на Слободен печат која е на терен и будно ја следи ситуацијата. На сопственикот на станот веднаш му беше укажана прва помош на лице место.

За потсетување, станува збор за стан на 16-ти кат, а неофицијално пожарот е предизвикан од  плинска боца.

Голем дел од станарите се евакуирани од зградата, а пристигната и брза помош, која на возмирените станари им пружа соодветна медицинска нега.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата