Скандал на снимање: Марија Шерифовиќ фрлила столче по колешката од Гранд!

24.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скандал на снимање: Марија Шерифовиќ фрлила столче по колешката од Гранд!

Марија Шерифовиќ со столче сакала да ја тресне колешка Вики Миљковиќ за време на снимањето на една од епизодите од Ѕвездите на Гранд. Се се случило за време на гласањето кога се решавала судбината, односно се бирало меѓу кандидат на Марија и Јелена Карлеуша. 

Борбата била изедначена и баш кога требало да се донесе конечната одлука, Вики била неодлучна. Токму тоа ја изнервирало Марија, го грабнала столчето и фрлила кон фолкерката Додуша според очевидци Вики била далеку и не постоела никаква можност да биде погодена, но сепак гестот на Марија ја навредил и го напуштила студиото. По десетина минути, откако малку се потсмирила се вратила назад и снимањето продолжило.

Ова не е прв судир за време на снимањето на емисиите, но дефинитивно е прв во кој се фрла дел од мебелот во студиото.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата