Богоевски се огласи на Фејсбук: Друштво, Ви благодарам на честа...

23.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Богоевски се огласи на Фејсбук: Друштво, Ви благодарам на честа...
Пратеникот Павле Богоевски, откако денеска на Комисијата за деловнички и мандантно-имунитетни прашања, со која претседава тој, информира оти поднесува оставка, попладнево се огласи и на својот Фејсбук-профил, нагласувајќи дека вредностите се над функцијата.

– Друштво, Ви благодарам на честа, овие две години да ви служам вам и на нашата држава најдобро што знам и умеам. Вредностите се над функцијата. Сега и секогаш!, наведе во постот Богоевски.

На денешната седница на собраниската Комисија требаше да се расправа за одземање на мандатот на експремиерот Никола Груевски. Богоевски рече дека оставката ќе ја активира откако на пленарна седница ќе му биде одземен мандатот на Груевски, а седницата на собраниската Комисија по ова прашање ќе ја презакаже. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата