Американците развиваат суперсоничен авион, од Њујорк до Лондон за 90 минути

23.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
  Американците развиваат суперсоничен авион, од Њујорк до Лондон за 90 минути

Американски стартап планира да развие патнички авион што ќе лета петпати побрзо од звукот и кој ќе може за 90 минути да ги превезе патниците од Њујорк до Лондон, релација на која сега се патува подолго од седум часа, според „Си-ен-ен“.

Воздухопловната компанија „Хермеус корпорејшн“ со седиште во Атланта соопшти дека од инвеститори добила доволно финансиски средства за работа на проектот, чија реализација би требало да трае 10 години. Ако успее, ќе ги револуционизира комерцијалните летови.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата