Претседателот на ПСЖ под истрага за корупција

23.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Претседателот на ПСЖ под истрага за корупција

Претседателот на францускиот фудбалски гигант Парис Сен Жермен, Насер ал-Келаифи, е под формална истрага за наводна корупција во атлетиката, според два извештаи кои цитираат француски судски извори.

Катарскиот претприемач и негов близок соработник беа испрашувани од страна на истражителите во март, во врска со процесот на наддавање за светското првенство во алтетика од 2017 година, објави Ројтерс.

Тој е обвинет за поткуп поврзан со обидот на Доха да биде домаќин на Светскиот шампионат во атлетика од 2017 и Олимписките игри 2020, велат од АФП.

ПСЖ, кој е победник на овогодинешната топ лига на Франција, не одговори на барањето за изјава.

Претходно оваа година, Ал-Келаифи беше избран на висока позиција во УЕФА, и покрај неговата улога во ПСЖ и телевизиската компанија, Беин Спорт.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата