Откриен сомнителен предмет на Даунинг стрит, улиците блокирани

23.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Откриен сомнителен предмет на Даунинг стрит, улиците блокирани

Улиците околу канцеларијата на британската премиерка Тереза Меј во Даунинг стрит во Лондон се затворени, бидејќи во близина е пронајден сомнителен предмет.

Ова беше објавено од британската полиција на Твитер, според „Ројтерс“.

„Специјалната полиција е на самото место”, е наведeно во кратката изјава од полицијата.

Британската агенција додава дека полицијата ги насочува туристите и граѓаните на околните улици

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата