Србинката Весна и нејзините ќерки близначки во Виена починаа од глад

23.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Србинката Весна и нејзините ќерки близначки во Виена починаа од глад

Полицијата ја пронајде мртва Весна М. (45) во стан во Виена, како и нејзините 18-годишни ќерки близначки. Аутопсијата покажа дека мајката и ќерките починале од глад.

„Првите резултати од аутопсијата покажуваат дека смртта на трите женски лица се случила поради неколкудневно неконсумирање храна односно глад, изјави портпаролот на виенската полиција, Патрик Мајерхофер, според порталот „oe24″.

Се претпоставува дека смртта се случила на крајот на март или почетокот на април оваа година, а телата биле пронајдени откако загрижените пријатели на семејството ги алармирале пожарникарите и полицијата.

Лошите сомневања биле потврдени кога властите влегле во станот кој бил заклучен и никој не одговарал.

Близначките, наводно, биле лица со попреченост и биле пронајдени мртви на каучот.

Весна неколкупати бегала од својот насилен сопруг во безбедна куќа. Подоцна, тие се разделиле и нејзиниот сопруг заминал, а Весна останала со своите деца.

Водењето грижа за близначките била премногу за неа. Во 2017 година, соседот го повикал Центарот за социјална работа, кој потоа утврдил дека ситуацијата е во ред.

Соседите велат дека Весна М. била психички болна и дека никој не го посетувал семејството.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата