Евтанизирано куче за да биде погребано заедно со неговата сопственичка

23.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Евтанизирано куче за да биде погребано заедно со неговата сопственичка

Кучето Ема, од расата Ши Тцу, кое било во одлична здравствена состојба, е евтанизирано за да се исполни желбата на нејзината почината сопственичка да биде погребана заедно со нејзиниот домашен миленик.

Кучето било чувано во стационар за животни во Честерфилд, Вирџинија две недели по смртта на сопственичката. Вработените се обиделе да го убедат извршителот задолжен за имотот дека има и други опции место евтаназија – како на пример да се даде кучето на други сопственици кои ќе се грижат за него, но тој бил упорен да ја споведат последната желба на починатата.

Ема потоа била однесена кај локален ветеринар,евтанизирана и потоа кремирана. Урната со нејзината пепел потоа била погребана заедно до нејзината почината сопственичка.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата