Полицијата во Конектикат со 15 илјада лајка на Фејсбук бара криминалец сам да им се предаде

23.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Полицијата во Конектикат со 15 илјада лајка на Фејсбук бара криминалец сам да им се  предаде

Полицискиот оддел во Конектикат се обидува со нови методи да ги натера криминалците по кои се трага, сами да се предадат на полицијата. Полицискиот оддел во градот Торингтон објави две потерници за бегалци на Фејсбук и тврди дека склучиле договор со Хозе Симс, кој е на една од фотографиите. Ако објавата добие 15.000 лајка, според полицијата, Симс кој е во бегство сам ќе се пријави во полиција.

Во објавата на полицијата на фесбук исто така се наведува дека оние коишто имаат информации и сознанија исто така можат и телефонски да се јават и да пријават каде се двајцата бегалци во полиција.

Реакциите на оваа идеја на полицијата се различни – некои ја одобруваат, други ја критикуваат. Многумина прашуваат дали станува збор за шега. На фејсбук од полициската станица одговорија дека не станува збор за шега.

Оваа објава досега има 17.000 лајка и очекуватаа се дека бегалецот наскоро би можел сам да и се предаде на полицијата. Симс е обвинет за ризик од повреда на дете, прекршување на мир, лажен инцидент, повреда на наредба за заштита, злоупотреба на бројот за итна помош 911 и за лажна изјава.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата