Новитети во скопската зоолошка градина, ќе се реновираат живеалиштата на кенгурите и лавовите

23.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Новитети во скопската зоолошка градина, ќе се реновираат живеалиштата на кенгурите и лавовите

Деновиве во Скопје ЗОО, започнаа подготовките за реновирањето на живеалиштето на морскиот лав, а беше подготвено и новото живеалиште за зебрите Јанош и Јашари кои пристигнаа од Словенија и Чешка.

-Во наредниот период, благодарение на спонзори и донатори ќе се реновираат сите живеалишта каде има потреба од подобрување на условите. Први кои ќе се реновираат се реонот „Австралија“, односно живеалиштето на кенгурите и живеалиштето за лавови. Ќе се реновира и разубавува и просторот околу живеалиштата, па така освен животните и посетителите ќе имаат можност да уживаат во сосема нови катчиња, информираат од скопската зоолошка.

Во меѓувреме е завршено живеалиштето за шимапнза, а ќе започне да се гради и новото живеалиште за фламинга.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата