Роналдo одвај препознатлив, се здебели и пушти коса

23.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Роналдo одвај препознатлив, се здебели и пушти коса

Поранешниот професионален фудбалер Роналдо (42) ужива деновиве со својата девојка Селин Лок на одмор на шпанскиот остров Форментера. Таму тој ги изненади насобраните фоторепортери, како и обожавателите со својот непрепознатлив изглед. Годините пауза од спортот, активностите и секојдневните тренинзи го сторија своето.

Бразилецот со белата кошула уште повеќе ги истакна насобраните килограми, а  и  косата му е долга.

Селин Лок, со која пензионираниот фудбалер е во последните четири години, изгледаше беспрекорно. Младата моделка носеше ленен комплет, скапоцени кожени влечки и дизајнерска чанта.

Роналдо се прости од кариерата во 2011 година по сензационалните успеси што ги постигна со својот тим, како и со својата репрезентација. Дури три пати беше именуван за најдобар фудбалер во светот по избор на ФИФА.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата