Мета ја критикуваше идејата за обединување на Албанците

22.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мета ја критикуваше идејата за обединување на Албанците

Претседателот на Албанија, Илир Mета ја критикуваше идејата за обединување на Албанците во една држава, пишува приштинската РТК.

„Слушаме работи од типот – Зошто Албанците не се обединат? Но, во случајов, зошто пак сите Срби, Хрвати и Бошњаци не го направат истото?“, праша Метa.

Според Мета, овој делириум е класичен дијаболизам.

„Тоа е обид на авторитарните политичари, многу често на координиран начин, да го пренасочат вниманието од внатрешните прашања и да провоцираат теми за да ја потиснат свеста на јавноста и да ја избегнат сопстевната одговорност“, уверува албанскиот претседател.

Тој смета дека единственото решение за Балканот е соживотот и почитувањето на европските стандарди за малцинствата.

„На Балканот, секоја нација некаде е во мнозинство а некаде во малцинство. Единствено решение е соживотот и почитувањето на европските стандарди за малцинствата. Знаеме многу добро што се случи на Балканот. Стотици илјади луѓе беа убиени а ни сантиметар од границата не беше променет“, додава албанскиот претседател.

Мета тврди дека Албанија има можност да биде фактор за стабилноста на Балканот.

„Прекројувањето на границите не е едноставно. Знаеме колку се добри односите помеѓу Црна Гора и Косово, но знаеме и што се случи со договорот за демаркација. Сакам да бидам јасен, ги имаме сите можности, како што и покажавме, дека можеме да бидеме фактор на стабилноста“, изјави Мета.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата