Археолошки музеј ги отвори вратите за кучињата придружници

22.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Археолошки музеј ги отвори вратите за кучињата придружници

 Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија од денеска ги отвора своите врати за кучиња придружници на лицата со попреченост.

– Како општествено одговорна институција која прва меѓу музеите во нашава држава ја донесува оваа одлука, апелираме дека институциите од областа на културата треба да бидат достапни секому и да придонесат за подигнување нa свеста и овозможување слободен пристап на кучињата придружници, наведуваат во соопштението од Археолошкиот музеј.

Оттаму потсетуваат дека ги исполнуваат сите услови за непречен пристап на лица со телесна инвалидност и оти располагаат со лиценцирани водичи за лица со попреченост.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата