Во центарот на Скопје случаен минувач на дело фатил двајца малолетници додека ограбувале врсник

22.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во центарот на Скопје случаен минувач на дело фатил двајца малолетници додека ограбувале врсник

На 21.05.2019 година околу 16:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на кејот на реката Вардар, во близина на угостителски објект, двајца малолетници од Скопје на возраст од 13 и 14 години физички нападнале 14-годишник од село Инџиково и му го одзеле мобилен телефон.

Од страна на случаен минувач нападот бил спречен и тој ги однел напаѓачите кај полициски службеници кои биле во близина, по што биле приведени во полициската станица Центар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата