Филмска акција: Извршил кражба, па го киднапирале. Отишол да пријави го притвориле!

22.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Филмска акција: Извршил кражба, па го киднапирале. Отишол да пријави го притвориле!

На 21.05.2019 година околу 20:40 часот во Полициската станица Карпош, М.Ш.(55) од Скопје пријавил дека противправно бил лишен од слобода од лицата М.Н. и Ф. Ј.
Според пријавителот, тие имале договорена средба во слаткарница во врска кражба што пријавителот ја извршил на 19.05.2019 година во казино, каде што работела М.Н.
После тоа, со возило отишле на Водно, каде М.Н. и Ф.Ј. му ги врзале рацете со јаже и физички го нападнале. После половина час, според пријавата, го однеле во казиното, од каде М.Ш. бил приведен во врска со кривичното дело „кражба“. Во Полициската станица Карпош, М.Ш. признал дека ја извршил кражбата, по што пријавил дека бил противправно лишен од слобода. Во Полициската станица Карпош бил приведен Ф.Ј.(35) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на М.Н. и за целосно расчистување на случајот.
 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата