Децата од градинките ќе цртаат на скопскиот асфалт

22.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Децата од градинките ќе цртаат на скопскиот асфалт

ЈУ Детски културен центар „Карпош“ и оваа година традиционално ја организира манифестацијата „Цртање на асфалт“, во која учествуваат нај малите, односно децата од сите градинки од Скопје и околината. Оваа манифестација е посветена на денот на македонските просветители, светите Кирил и Методиј, кои се едни од најзначајните личности во македонската историја.

ДКЦ „Карпош“ ќе обезбеди материјали за цртање (креди во боја), пригодна програма, запознавање на децата кое е значењето и зошто се одбележува овој голем ден како празник. За учесниците ќе има симболични награди и дипломи за градинките учеснички на манифестацијата. Децата од предучилишните установи, градинките, ќе може да ја изразат својата креативност со своите цртежи, кои ќе бидат по слободен избор. Манифестацијата ќе се одржи во Градскиот парк, кај споменикот на Гоце Делчев, на 22.5.2019 година (среда) со почеток во 10.30 часот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата