Митровиќ пресече, нема повеќе реалити на “Пинк“, еве што ќе се случи со “Задруга“

21.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Митровиќ пресече, нема повеќе реалити на “Пинк“, еве што ќе се случи со “Задруга“

Сопственикот на телевизија “Пинк“ Жељко Митровиќ oдлучил на гледачите да им понуди нова серија “Црвен месец“ но исто така помалку реалити програма во следната сезона.

- Во експанзија на реалити програми луѓето развиле една сосема поинаква емоција, практично, во недостаток на играна програма побарале емоција во реалити, каде што имаме една размена енергија и поради таа транзиција сега мораме да одработиме внимателно, со играните програми во наредните неколку години целосно ќе го замениме реалито рекол Митровиќ и додал:

- Мислам дека ова ќе ја надмине гледаноста на реалити. Ако тоа не се случи, тогаш ќе бидеме сите повредени, и талентираните глумци и комплетната продукција. Што се однесува до идните планови, во следната сезона ќе има комбинирана програма, нема да прекинеме со реалити, но верувам дека во следните ќе се создадат услови целосно да се тргнеме од сферата на реалити завршил челникот на розовата телевизија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата