Џони Деп ја обвини Амбер Херд за семејно насилство

21.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џони Деп ја обвини Амбер Херд за семејно насилство

Холивудската ѕвезда Џони Деп ги отфрли обвиненијата дека тој ја физички ја злоставувал својата поранешна сопруга Амер Херд, на што додаде дека всушност таа била онаа која го злоставувала него.

Деп ја тужи својата поранешта сопруга за клевета во спор „тежок“ 50 милиони долари, а во ноивте документи доставени до судот тој тврдел дека Херд прикажала лажни модринки.

„Најсилно ги отфрлам обвиненијата на Херд уште од 2016“, вели Деп.

Адвокатот на Херд, пак, ги негира коментарите против својот клиент.

Џони Деп ја покрена тужбата за клевета против Амбер Херд откако актерката се опиша себеси како жртва на семејно насилство во едно интервју за „Вашингтон пост“.

Херд побара од судот во Вирџинија да отфрли тужбата на Деп.

„Најсилно ги отфрлам обвиненијата на Херд уште од 2016 година, кога таа влезе во судницата со намера да побара забрана за приближување, со насликани модринки кои што според сведоците и безбедносните камери не постоеле претходната недела. Ќе продолжам да ги негирам овие обвиненија до крајот на мојот живот. Никогаш не сум ја злоставувал Херд, ниту пак некоја друга жена“.

„Таа беше сторителот, а јас бев жртвата. Додека мешаше лекови со алкохол, таа неколку пати физички ме нападна, дури и пред други лица, а во неколку случаи ми нанесе и сериозни телесни повреди.“

Сепак, адвокатот на Херд вели дека во овој случај постојат бројни докази дека Џони Деп ја тепал Амбер Херд.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата