Премиера на краткиот игран филм „СК2020” во кино „Фросина“

21.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Премиера на краткиот игран филм „СК2020” во кино „Фросина“

Премиерата на краткиот игран филм „СК2020” со работен наслов „Здив“, по сценарио и режија на Радован Петровиќ, ќе се одржи вечерва со почеток во 20 часот во киното „Фросина”.

Филмот ја третира темата на загадувањето и дилемата на едно македонско семејство дали да ја напушти државата. Филмот се снимаше оваа зима на локации во Скопје.

Гланите улоги ги толкуваат Верица Недеска-Трајкова, Зоран Љутков, Анастасија Аневска, Торијан Азгоур и Катерина Коцевска. Директор на фотографија е Андреј Лембанов, костимограф Жаклина Крстевска, сценограф Симо Бранов, шминка Ирена Сенокозлиоска, дизајн на звук Ристо Алчинов, а монтажер Радован Петровиќ. Продуценти се Роберт Насков и Сања Тодоровска-Арсова. Тонската постпродукција се одвиваше во Аудиохаус, а видео постродукцијата во фх3х. Филмот е во продукција на Кино око, финансиран од Агенцијата за филм на Македонија.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата