По 10 години пауза, Џесика Алба повторно на ТВ-екраните 

21.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По 10 години пауза, Џесика Алба повторно на ТВ-екраните 

Џесика Алба, по десетгодишна пауза, повторно се врати на филмското платно, овој пат глумејќи детективка во серијата LA’s Finest. За време на гостувањето во шоуто на Џими Фалон, Џесика откри дека ѝ недостига глумата.

„Престанав да глумам пред повеќе од 10 години кога ја родив првата ќерка. Но, во еден момент дојдов до точка кога сфатив дека ми недостига глумата“, изјави Алба.

Во новата серија се раскажува за две полициски детективки што ги апсат најголемите злосторници во Лос Анџелес. Инаку, Алба се прослави во серијата „Ангел на темнината“, а некои од најпознатите филмови во кои глумела се „Син Сити“ и „Фантастична четворка“.

Џесика Алба професионално се занимава со глума од својата 13. година, но последниве 10 години му се посвети на семејниот живот. Алба на снимањето на „Фантастична четворка“ го запозна својот сопруг Кеш Ворен со кого има три деца.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата