Оливер Спасовски ги одби амандманите на Ременска за Агенцијата за национална безбедност

20.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Оливер Спасовски ги одби амандманите на Ременска за Агенцијата за национална безбедност

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ги одби речиси сите амандмани кои неговата сопартијка Фросина Ременски ги поднесе на предлог-законот за Агенцијата за национална безбедност.

Ременска како пратеник поднела 30-тина амандмани иако овој закон Спасовски како министер за внатрешни работи го подготвуваше неколку месеци и го усогласуваше со пратениците од СДСМ, но и од опозицијата.

Аманадманите на пратеничката најчесто се однесуваа на намалување на дискреционите права на директорот на Агенција. Ременска бараше судот, а не директорот да дава наредба за користење на агент со прикриен идентитет, како и оваа мерка да трае најмногу 3 месеци, а не 2 години како што стои во законот на Спасовски.

За Спасовски овие аманмдани не беа прифатливи.

Спасовски со свои аргументи – вели дека со изготвениот предлог-закон се остава можност за поголема оперативност на Агенцијата. Според него, нема да има простор за злоупотреба на функцијата, како што тврди Ременски.

Како пример за злоупотреба на оваа мерка, Ременски го спомена случајот со Александар Василевски Нинџа кој на рочиштата за упадот во Собрание тврдеше дека е ангажиран од УБК, но беше обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Но, Спасовски не се предомисли.

Зад амандманите на Ременска се потпишале и пратениците Павле Богоевски, Горан Мисовски, Мухамед Закири, Чедомир Саздовски и Илија Николовски. Но, за минстерот беа прифатливи само техничките амандмани.

Од друга страна, ги прифати заедничките амандмани на предлог законот поднесени од Емил Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ и Хари Локвенец од СДСМ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата