Работи кои може да ги научиме од манипулаторите, психопатите и нарцисите!

20.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Работи кои може да ги научиме од манипулаторите, психопатите и нарцисите!

Проучувајќи ги кадетите од „West Point“, психолозите откриле дека со помош на негативните карактеристики може да го предвидите успехот.

Кај кадетите проучувале различни аспекти од нивната личност, кои влијаат на нивните лидерски способности, и единствената особина која била карактеристична за сите успешени кадети бил токму нарцизмот.

Заинтригирани, а истовремено и згрозени, научниците одлучиле да дознаат на кој начин „негативните“ особини на личноста водат до успех.

Извештајот опишува три типа на личноста кои имаат најголеми шанси за деловен успех, а тоа се нарцисите, манипулаторите и психопатите. Поединци кои ги немаат овие карактеристики може да имаат корист од овие сознанија, бидејќи ќе научат како во вистински момент да употребат некои од карактеристиките на овие типови на личности и на тој начин успешно да го остварат она што го посакуваат.

 

 

Нарцисите се ентузијастични

Наполеон и Стив Џобс токму „благодарение“ на својот нарцизам, постигнале неверојатни успеси. Тие своите потреби и желби ги ставале над потребите и желбите на другите. Тие се одлични во претставување на себе, своите идеи и се неверојатно ентузијастични кога нешто им е важно. Една од дефинициите за лидерство е способност за прецизно дефинирање на целите и поттикнување на другите да ги следат тие цели.

Манипулаторите лесно влијаат на другите луѓе

Професионалните манипулатори ги знаат сите начини како од другите да го добијат она што го сакаат. Научниците објаснуват дека постојат неколку начини на манипулација: пофалба, ласкање, формирање сојузи со колегите, дури и закани. Можеби звучи чудно дека за успешно лидерство е потребна способност за манипулација. Затоа оние кои сакаат да бидат добри лидери, мораат да ја развијат и оваа особина, но секако во тоа да бидат умерени?

 

 

Психопатите не жалат за ништо

Нормално дека најуспешните лидери не се психопати, барем не во онаа смисла за која повеќето луѓе имаат асоцијација кога ќе се спомене зборот психопат. Корпоративната психологија под терминот психопат подразбира луѓе кои себеси се ставаат пред другите, секогаш во преден план, но без ниту малку страв и срам кога она што го направиле нема да им успее. Тие се покомплицирани и потешки во однос на манипулаторите и нарцистите, но и најбрзо се опоравуваат од неуспех.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата