(Видео) Британски политичар погоден со милкшејк

20.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Британски политичар погоден со милкшејк

Британскиот политичар Најџел Фараж, познат по евроскептичните ставови, денеска на улица беше погоден со милкшејк.

На видеото се слуша глас на маж како му вели на Фараж „фашист“. Напаѓачот веднаш бил фатен.

„Како не го запревте“, ги прашал Фараж своите телохранители откако бил погоден.

Пол Кровте (32) признал дека го погодил политичарот со милкшејк од банана и карамела.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата