Рекол немам што да пријавам, а комбето „вриело” мигранти- Цариниците го фатија

20.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рекол немам што да пријавам, а комбето „вриело” мигранти- Цариниците го фатија

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија еден обид за нелегален излез на мигранти, како и неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани мобилни телефони, моторни фенови за парни котли, делови од систем за наводнување, делови за ролетни, цилиндри за брави, облека и фалсификати.

Откриени се:

Илегални мигранти

На граничниот премин Табановце автопат бил спречен обид за излез од државата на осум илегални мигранти. Бугарски државјанин, управувајќи патничко комбе со бугарски регистарски таблички, се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. На прашање на царинскиот службеник дали имаат нешто да пријават за царинска контрола, возачот одговорил дека нема ништо за пријавување и дека патува за Австрија. При деталната контрола, во кровот на возилото пронајден е специјално направен бункер во кој што биле сокриени осум илегални мигранти, кои според нивно кажување биле со потекло од Ирак.

Техничка стока

– 4 моторни фенови за котли за парно греење, марка Danfoss, откриени при контрола на македонски автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените производи, пронајдени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

– 21 мобилен телефон, откриени на Интернационалниот Аеродром Скопје, при контрола на патните торби на македонски државјанин, кој допатувал со лет од Истанбул. Непријавените телефони, пронајдени помеѓу личните работи во куферот на патникот, се привремено задржани, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Делови од систем за наводнување и ролетни

– 92 парчиња делови од систем за наводнување (кардани, манометри, бренери, млазници, сита, филтри, цевки и друго), откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените производи, пронајдени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

– 40 моторчиња и 200 држачи за ролетни и 12 цилиндри за брави, откриени при

контрола на македонски автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце. Непријавените производи, пронајдени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Облека

– 146 парчиња облека (фармерки, панталони, кошули и наметки), откриени при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата, на граничниот премин Богородица. Непријавените производи, пронајдени во багажникот, на задното седиште, под хаубата, кај резервната гума, под предните и под задните седишта, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

– 2.822 парчиња и 260 сета детски играчки со лого на заштитени трговски марки (кукли, колички, мотори, музички играчки, детски кациги, огледала, јажиња за скокање, коцки за играње и друго), откриени од страна на мобилните царински тимови во соработка со царински инспектори од Одделението за истраги, при контрола на два контејнери со стока со потекло од Кина, наменета за увозник од Куманово, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 2. Производите се привремено задржани поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата