Најавената „метла“ на премиерот НАИДЕ НА ЖЕСТОК ОТПОР ВО ДУИ – ЕВЕ ШТО ВЕЛАТ ОД ТАМУ

20.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најавената „метла“ на премиерот НАИДЕ НА ЖЕСТОК ОТПОР ВО ДУИ – ЕВЕ ШТО ВЕЛАТ ОД ТАМУ

Операцијата “метла” за вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи е дегутантна и станала политичко шоу иако била несуштинска тема која станала доминантна во јавноста. Тој вели дека персоналните решенија не биле суштината на политиката туку испораката на резултатите.

Прашањето на луѓето е прашање на менаџмент со човечки ресурси, на лидерство на политичките партии и дали знаат добрите луѓе да ги постават на добри места, тоа е прашање на менаџирање на организацијата на владата на политичките партии. Мислам дека граѓаните ги интересира дали организацијата, Влада или политичка партија испорачува резултати. Ова е повеќе прашање на политичко шоу кое се создаде, вели Османи.

Од тука се наметнува прашањето дали со оваа изјава Османи игра на картата blame game, односно несоодветните кадровски решенија ги префрла врз лошата проценка на првиот човек на Владата кој ги назначува министрите.

Османи е гласноговорник за нови кадровски решенија во економските сфери. Тој во повеќе наврати вели дека фокусот на реконстукцијата на власта треба да започне со зајакнување на економските капацитети кои биле во сенка на политиката.

Со слабите резултати на економските министри се согласи и министерот за јавна администрација Манчевски кој истакна дека секогаш можело повеќе.
Од друга страна пак, економските министри велат си работеле како што треба и се релаксирани по ова прашање.
Додека јавноста шпекулира кој се ќе биде дел од реконструкцијата на Владата, чии имиња ќе ги знаеме до крајот на месецов, односно почетокот на идниот, се и очекува и средба на Заев и

Ахмети каде ќе се разговара кој ќе биде дел од црната листа за чистка.

Најавите за метла на Заев уште во старт наидоа на нож во ДУИ од каде реагираа дека тие одговарале само пред нивниот лидер Ахмети. Интегративците велат дека не им се допаѓа терминот метла бидејќи со метла се чистело неисчистеното, а тие сметаат дека треба да се има почит кон сите соработници па и на оние кои ќе бидат сменети.
Во меѓувреме Заев продолжува да размислува и да се консултира за кој ќе биде разрешен, а напомена и дека смена на подолните ешалони, односно директори на јавни претпријатија може да се очекува кон крајот на јуни.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата