НИЕ НЕ СЕ ПРАШУВАМЕ. Фајнаншел Тајмс: Нема мир во Македонија ако не се задоволни Албанците

20.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НИЕ НЕ СЕ ПРАШУВАМЕ. Фајнаншел Тајмс: Нема мир во Македонија ако не се задоволни Албанците

Преспанскиот договор со кој е решен Грција и Северна Македонија околу името на поранешната југословенска република е за секоја пофалба, пишува колумнистот Тони Барбер за „Financial Times“. Но истиот не може да биде образец за решавање и на другите спорови на Балканот, смета тој.

Преспанскиот договор не може да биде рецепт, иако ги оживеа надежите за решавање и на другите регионални прашања (како односите на Србија и Косово, етничките ривалства и уставниот ќорсокак во Босна и Херцеговина, затегнатите грчко-албански односи), бидејќи секој од овие проблеми е приказна сама за себе.

Пред сè, пишува Барбер, Грција и Северна Македонија не војуваа, а меѓу нив немаше ни меѓуетнички тензии во мешовити заедници, што е меѓу најважните елементи за војните во БиХ и на Косово. Спорот околу името, иако отвори сериозни прашања околу спротивставените права на симболите и суштината на националниот идентитет преку националните митови и култура, во суштина беше дипломатски проблем кој требаше и беше решен со дипломатски средства, смета тој.

Сепак, пишува тој, за Преспанскиот договор на крајот од денот ќе се суди според тоа дали ќе обезбеди долгорочна стабилност во Северна Македонија. А за такво нешто се потребни три услови, смета Барбер: 

Првиот е отворање на членство во ЕУ за Северна Македонија и Албанија, со оглед дека влезот во Унијата би ги обесмислил граничните спорови, а и евентуалните обиди на националистите во Тирана и на Косово да го искористат незадоволството на Албанците во Северна Македонија.

Вториот е противниците на Договорот од двете страни на границата да не се обидуваат да го поништат.

Третиот е сè повидливото прашање на Балканот: Дали Албанците ќе бидат задоволни со моменталната состојба во која се раздвоени во Албанија, Северна Македонија и Косово, или ќе се обидат да се обединат во Голема Албанија, што може да предизвика голема опасност од регионални конфликти, смета Барбер.

За тоа да се избегне, констатира тој, европските и балканските политичари мораат да ги уверат Албанците дека нивните барања за благосостојба, граѓански права и европски интеграции го добиваат потребното внимание. Од тоа, подеднакво колку и од Преспанскиот договор, ќе зависи просперитетот, па и самиот опстанок на Северна Македонија, заклучува Барбер.

Financial Times

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата