Пендаровски се сретна со Касами

20.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пендаровски се сретна со Касами

Претседателот, Стево Пендаровски, денеска се сретна со претседателот на политичката партија Движење Беса, Билал Касами.

„На средбата се разговараше за севкупните политички состојби во Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски посочи на потребата сите политички субјекти, и од власта, и од опозицијата, да го насочат своето делување во интерес на остварувањето на стратешките цели на Република Северна Македонија – членството во Европската унија и во НАТО, како важен предуслов за стабилна, просперитетна и развиена држава“, соопштија од Кабинетот на Пендаровски.

Пендаровски истакнал дека сите релевантни политички субјекти во Република Северна Македонија во периодот што претстои треба да демонстрираат одговорност и да го дадат својот придонес во исполнувањето на реформската агенда, која е во интерес на граѓаните.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата