Петар Грашо одговори на нападите ДЕКА ЧЕКА ДЕТЕ СО МНОГУ ПОМЛАДА: „Живеам како да имам 23 години“,

28.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Петар Грашо одговори на нападите ДЕКА ЧЕКА ДЕТЕ СО МНОГУ ПОМЛАДА: „Живеам како да имам 23 години“,

Петар Грашо испрати важна порака до својата бројна публика која со нетрпение ги очекува неговите концерти, а откри и зошто својот живот го смета за „убавина“.

Се ближат датумите на големите концерти на Петар Грашо, кој деновиве е во центарот на интересот, пред се поради неочекуваните турбулентни настани во приватниот живот.

„Постои една мала можност, доколку епидемиолошките мерки не дозволат полн капацитет во февруари, концертите нема да бидат откажани по секоја цена, туку ќе ги преместиме во нови датуми во март. Тоа е мојот одговор, добивме илјадници мејлови … Откажување сигурно нема, можно е да се одложи за друг датум, ако е – датумот ќе се знае“, рече Грашо.

Неговото раскинување со Данијела Мартиновиќ по 25 години заеднички живот, но и информацијата дека чека дете со екстремно помладата Хана Хуљиќ, ќерката на познатиот кантавтор Тончи, беа дочекани на нож.

Сепак, Грашо не обрнува многу внимание на злонамерните коментари, туку, изгледа, малку го поттикнува непријателството.

За хрватските медиуми само напомена дека се чувствува како да има 23-24 години и дека живее соодветно. „Мојот живот е убавина“, нагласи тој, очигледно воздигнат од фактот дека наскоро конечно ќе стане татко.

„Не е важно колку години сте живееле, туку колку животи сте имале во вашите години“, истакна тој.

Иако се очекуваше дека Данијела Мартиновиќ ќе има коментар, освен што ги избриша сите заеднички фотографии направени во изминатите 24 години, таа реши да молчи и да не вади валкани алишта.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата