„НОВАК Е ОВДЕ БОЖЕСТВО“ вели градоначалникот на Будва (ФОТО+ВИДЕО)

28.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„НОВАК Е ОВДЕ БОЖЕСТВО“ вели градоначалникот на Будва (ФОТО+ВИДЕО)

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ деновиве престојува во Црна Гора му беше врачена плакета за почесен граѓанин на Будва.

„Тој е почесен граѓанин од 2018 година, но дури сега најде време да дојде и да ја прими наградата. Никој не е посреќен од нас, што најдобриот меѓу најдобрите да стане наш сограѓанин“, рече градоначалникот на Будва, Марко Бато Царевиќ. .

Царевиќ додаде дека ова е историски настан и дека Новак Ѓоковиќ се гледа како божество во Црна Гора.

„Никој не го направи нашиот народ посреќен од Новак, кој со секоја своја акција носи неизмерна радост во нашите домови“, истакна Царевиќ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата