ПОЖАР ВО ТЕТОВО, горат куќи, дел од градот без струја (ВИДЕО)

28.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПОЖАР ВО ТЕТОВО, горат куќи, дел од градот без струја (ВИДЕО)

Голем пожар во Тетово загрози поголем дел на куќи, а според информациите едно лице е повредено.

Пожар избувнал вечерва во куќа во тетовската населба Колтук и проширил во соседните куќи.

-Вечерва околу 19 часот и 20 минути, во СВРТетово пријавен е пожар во куќа на улица “Вукашин Симовски” во тетовската населба Колтук, сопственост на 50-годишниот тетовец И.С, кој при тоа задобил повреди и веднаш е пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.Пожарот се проширил и на соседната куќа во која подолго време не живеел никој.Екипи на тетовскста Територијална противпожарна единица со неколку возила ангажирани се на локализирање на пожарот, велат од тетовската полиција за Фокус.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата