„Штом Османи го крие документот со Бугарија, задкулисните разговори излегуваат од Резолуцијата“

28.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Штом Османи го крие документот со Бугарија, задкулисните разговори излегуваат од Резолуцијата“

Османи денеска не го направи клучното барање, а  тоа е да ги сподели со нас документите кои во декември минатата година кои МНР ги има испратено како официјални одговори во Софија во однос на пакетот 5+1. Бидејќи пратениците се тие кои бираат министри, министрите треба да доаѓаат во Собрание да покажат демократска култура и да ги споделат документите со нас како народни избраници, изјави за „Тема на денот“ во дневникот на Сител, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Милошоски вели дека ако се работи за нацрт документ, тогаш пратениците може да дадат сугестии како да се доработи и подобри и да биде во согласност со изгласаната Резолуција, но штом го кријат постои сомнеж дека е надвор од Резолуцијата.

– Со тоа што Османи потврди дека има таков документ испратен во Софија, а не сака да го сподели, значи дека некој има потреба да крие, а денеска го зголеми сомнежот дека во задкулисните разговори содржат нешто кое излегува надвор од Резолуцијата.  Изразуваме загриженост да не бидеме доведени пред свршен чин да имаме документ кој е земи или остави, во кој не може да се интервенира, рече Милошоски.

Тој потсети и на изјавата на Пендаровски кој суптилно во едно интервју на национална телевизија напомена, дека можеби дека некој договор ќе помине со просто мнозинство , знаејќи дека власта нема двотретинско.

– Ние предупредувавме за договорот за добрососедство и се покажа дека нашите забелешки во 2017 со проблемите кои излегуваат денес биле оправдани и сега имаме поголеми тензии отколку договор и соработка, рече Милошоски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата