Видео: Се урна мост во Питсбург пред посетата на Бајден

28.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Се урна мост во Питсбург  пред посетата на Бајден

Полицијата соопштила дека инцидентот се случил околу 6 часот по локално време. Досега се повредени три лица, а се проверува дали некој останал под урнатините. Засега нема информации дека некој загинал во уривањето.

Претседателот Бајден токму во Питсбург, град во американската сојузна држава Пенсилванија, требало да зборува за лошата состојба на инфраструктурата.  Според нацрт-законот Пенсилванија треба да добие 1,63 милијарди долари помош од федералната влада во следните две години за обнова на мостовите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата