Уапсен тинејџер од скопско Јурумлери

28.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Уапсен тинејџер од скопско Јурумлери

На 27.01.2022 околу 20.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Р.(18) од с.Јурумлери, скопско и М.Х.(18) од Скопје, затоа што одзеле повеќе предмети од продажен објект во трговски центар на ул.„Кирил и Методиј“.

Предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот. Тие биле приведени во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор. За случајот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 235 од Кривичниот законик.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата