Жена пешак тешко повредена откако ја удрил автомобил

28.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Жена пешак тешко повредена откако ја удрил автомобил

На 27.01.2022 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисна улица од ул.„Јужноморавски бригади“, патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(27) од Скопје, удрило во В.Б.(74) од Скопје, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Б., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата